Завршен апел за помош на скопско семејство

9

Почитувани пријатели,

да помогнеме на уште едно семејство кое нивната потреба од материјална помош ја довери на добрите луѓе.

Да го дариме она кое нам не ни е веќе потребно, но некому значи многу.

Семејството кое сака да остане анонимно, има потреба од облека за своето најмало детенце, од трите. Доколку имате облека за четиригодишно машко детенце, сочувана и здрава, а вам веќе не  ви е потребна, нека таа згрее едно детенце.

Освен тоа потребен им е и ќумбе или печка  за да ја поминат зимата. Потребни им се и ќебиња.

На семејството му е потребен и кревет за спиење.

Сите кои сакаат да помогнат, нека ни го напишат својот контакт телефон на нашата мејл адреса: mail@donacii.mk.

Ние ќе ги поврземе со семејството кое има потреба од помош.

ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ИМАМЕ ГОЛЕМИ СРЦА, И СО НАШЕТО “МАЛКУ” ДА ПОМОГНЕМЕ ОНАМУ КАДЕ ИМА ПОТРЕБА ОД ПОМОШ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: