Завршен апел за помош на Николче Александров

10

Преземено од Дума, фб и фб

Обновени информации:

Неодамна во пожар изгоре куќата во која живее Николче Александров од Велес. Ова 22 годишно момче останува без својот дом и без целокупната покуќнина и облека. Живее од пензијата на своите починати родители и не е во можност сам да се справи со настанатата ситуација.
Во меѓувреме веќе му е донирано храна и облека за извесен период. Сега највеќе му е потребен градежен материјал за да може да го покрие и санира објектот.
Секој кој сака да помогне со парични средства тоа може дирекно да го направи на неговата трансакциска сметка: 210501614173945 Тутунска банка, Николче Александров. За секоја консултација можете да го контактирате на 075 332 117.

********************************************************************

За помалку од половина час, на 19-ти мај, изгоре домот на сираците Никола и Даринка Александрови на улицата „Коле Цветков“ бр. 29 во Велес. Огнот проголта се што ним, пред осум години, им оставија починатите родители. Животот, по втор пат, си поигра со овие деца. Николче сега има 22 години, не е вработен а сам се грижел за себе и за домот, во маалото Црна џамија, од кој остана само пепел и карабина додека пет години помладата Даринка е сместена во Дом за деца без родители. Тие имаат уште една сестра која е мажена но, не живее во Велес.

А нему навистина му треба помош, прво од облека бидејки се што во моментов има се тренерките и патиките што ги носи на себе. Изгорени му се и личните документи а нема пари да извади нови. Деновиве Никола ќе се смести кај пријатели и роднини. Но она што најмногу во моментов му треба е вработување. Тој денеска успеа од вработените во Тутунска банка да го добие бројот на сопствената трансакциска сметка210501614173945 и сега верува дека постојат добронамерни луѓе кои ќе му помогнат со парична помош.

“Николче го запознав онака како што запознавам голем дел од луѓето со големо срце…. Иако немаше ни за себе, реши да посвои кутре од нас кое долго време никој друг не сакаше да го посвои. Останати се без родители, двајцата починале еден по друг, за кратко време. Сам се грижел за помалата сестра, за куќата, за животните. И е неверојатно скромен, мирен, тивок, културен!
По пожарот што им ја зафати куќата завчера, на овие деца сега не им остана буквално ништо, немаат ниту стари фотографии од родителите, ниту документи, ниту пак облека. За финансии воопшто да не зборувам.
Ги молам сите бутици, граѓани, фирми да одвојат облека, пари, било што што мислат дека би помогнало, за децава да застанат на нозе. Николче нема никаков документ во себе, буквално ништо, мора се да вади отпочеток, а за тоа требаат средства. Носи патики број 46 и маици број 42 (L, XL)…. Секој што сака да донира, нека ми пише, јас во текот на неделата ќе ги однесам донациите во Велес, или пак нека го исконтактира Николче директно на 075332117” – Ирена Ристиќ (Виа Мери Јордановска.)

pozar nikola 2

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

7 коментари

  1. Објавено од Соња, на Одговори

    Ве молам што побргу објавете мобилни броеви за донации.

  2. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Соња, за жал донациски броеви се отвораат само за лекување. Единствен начин да се помогне е со парична донација на трансакциска сметка или донација на други потребни работи.

  3. Објавено од Andrijana, на Одговори

    Ve molam pisete na koja adresa da ispratime toa sto mozeme? Blagodaram

  4. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Андријана, адресата на која се наоѓа куќата е „Коле Цветков“ бр. 29 во Велес, но препорачуваме да го контактирате Никола на 075 332 117 за да Ви даде подетална информација

  5. Објавено од Blagica, на Одговори

    Ве молам за информација дали сеуште на Николче и неговата сестра им е потребна облека и покуќнина (постелнина, пребор за јадење, итн. )

  6. Објавено од Blagica, на Одговори

    Ве молам за информација дали сеуште на Николче и неговата сестра им е потребна облека и покуќнина (постелнина, пребор за јадење )

  7. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Благица, Ве молиме контактирајте го Николче на телефонскиот број 075 332 117. Тој ќе Ви даде точни информации за тоа дали и што му е неопходно во моментот кога би сакале да му помогнете.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: