Завршен апел за помош на семејството Велковски

11

Да помогнеме колку можеме на семејството Велковски од населба Радишани.

Да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме кога некој е во мака. На семејството Велковски им е потребна нашата помош.

Живеат во многу скромни и сиромашни услови. Станува збор за социјално загрозено семејство каде ни мајката ни таткото не се вработени, а највеќе им е потребна егзистенција за нивните четири деца. Најголемото дете има 13 години, второто 9, третото 7 години и најмалото дете 17 месеци.

Ова семејство нема никакви примања.

Претходно примале социјална помош, но и таа им е укината заради обидот да застанат на свои нозе и да не зависат од таа помош. Мајката се вработува при што им се укинува социјалната помош за набрзо да го изгуби и работното место. Таткото доживува повреда при работа и сеуште е под лекарства и во моментот не е способен за работа.

Парични средства за трето или четврто дете не им следува зошто не ги опфатил законот кога бил донесен и кога било родено третото дете.

Живеат во многу лоши услови. Без струја (заради неплатени сметки и блокирани сметки кои се во постапка на извршување). Се прашуваат само уште за вода кога ќе дојдат да ги исклучат. А пред нив е уште една зима за која се прашуваат како ќе ја поминат.

Потребна им е помош пред се за нивните 4 деца.

Ги замолуваат сите хумани луѓе кои имат можност да им помогнат, дали со уплата на парични средства или со донирање на храна (која во моментот им е најпотребна). Храната замолуваат да биде конзервирана зошто немат услови за готвење заради тоа што немаат струја. Потребно им е млеко, храна и пелени за најмалото дете кое има 17 месеци. Останатите три деца треба се во училиште, а немаат да им ги купат ни најпотребните работи (училишен прибор).

Живеат во многу лоши  услови. Куќа со распукани ѕидови, стара покуќнина или дел воопшто немаат.

Речиси им треба се: кревет, работи за домот- прекривачи, јоргани, завеси, теписи, намештај, храна , школски прибор, за децата, но најважно од се во моментот им се дрва за да може да се загреат малку во овие ладни денови.

За таа цел, Ве молиме, доколку сте во можност да донирате, покуќнина или парични средства и да им помогнеме со својата добрина на оваа фамилија !

Бидејќи нивните сметки не функционираат, може да донирате на жиро сметка на име на неговата мајќа.
Донации на сметка: 

300007033049153
Комерцијална банка
Велковска Олга
Ул. „28“ бр. 2 с.Радишани – Скопје

За контакт и информации со семејството може да се јавите на 076/510-778

 

 2 4 5 11896973_10200893682100719_234453971_n

 

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: