Завршен апел за помош на семејството Угљанин

4

Едвај три степени измерени денеска надвор а ништо потопло во оваа просторија каде живее петчленото семејство Угљанин. Немаат дрва и никави примања, но најстрашното е што гладуваат на денешно време.

„Способен сум за работа ама никаде нема работа немаме никакви примања со три деца сум нема што да јадеме сопругата ми е на болница бараат пари за да ја оперира кичмата” – вели Шефкет Угљанин.

Во 2011-та социјалната парична помош му ја укинале заради 9.000 денари субвенции од пченица, но покрај гладот и студот му се заканува нова мака, заради неплатени кирии изминатава година сопственикот побарал да се иселат, и сметките стигнуваат ама немало со што да ги платат.

„Приватно нешто што ќе подработам некој плаќа некој не леб немаме да јадеме со три деца сум” додава Шефкет.

Шефкет се надева на хуманоста на граѓаните, вели кој што има и колку има да го помогне бидејќи маката го терала да мисли на најлошото. Жали што неговите три деца немаат нормални детски дни, ниту радост во пресрет на Новата Година, единствено на што мислат вели стуткани под ќебиња е дали денеска ќе јадат нешто. Апелот за хуманост останува до сите, но според него најважно е да најде работа за да може да си го прехранува семејството.

Трансакциска сметка за помош
200001986863311 – Стопанска Банка АД Скопје

Шефкет Угљанин
ул. Илинденска бр. 91
Битола


Извор: Тера Телевизија

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: