Завршен апел за помош на семејството Спасовски од Кумановско Горно Коњари

8

 

Информацијата е превземена од http://www.makdenes.org/content/article/26664819.html

Контакт со семејството за сите кои сакаат да помогнат и да го олеснат животот на ова сeмејество:

Светлана Спасовска на 071528259

Семејството Спасовски од Горно Коњари, Кумановско,  живее во двособна куќа, без купатило, изградена на плацот добиен од соседот што на рати го исплаќаат. Немаат пари да го откупат и да го пренесат на нивно име. Огревно дрво купиле, но наместо топлина од шпоретот се шири само чад.  

Двајцата родители се невработени, сопругот боледува од карцином на грлото. Имаат седумгодишно детенце, Никола, кое  треба да се школува, да расне, да има безгрижно детство. Ништо од тоа нема, а откако се соочил со тешката болест на татко му, Светлана вели дека не сака ниту да зборува.

 Мајката Сузана не знае дали првин да се грижи да обезбеди леб за детето или лекови за сопругот кој веќе е во критична состојба.

Не примаат социјална помош поради некој невреден плац во козјачкото село Буковљане, поради што веројатно, и не ги исполнува условите за социјална помош. Од друга страна пак, сите лекови и болничко лекување мора да ги плаќа.

Иако било каква помош добро би дошла за ова семејство тие до сега не барале од никаде, оти навикнале се што ќе донесат дома да биде заработено.  Оваа жена на чии плеќи надвиснало претешко бреме не знае како ќе го помине денот. Таа не знае дали нејзиното дете ќе има барем парче леб, а за нешто повеќе не може ниту да размислува.

Замолуваме за помош во вработување за мајката, храна, облека, материјална помош, ренвирање на куќата….за секоја птребна информација контактирајте ја Светлана Спасовска на 071528259

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

4 коментари

  1. Објавено од Macko, на Одговори

    Здраво би сакал да испратам еден апел до сите а тоа е доколку некој од вас има можност да донира на ова семејство половина од оние 1000 евра што му се потребни за да може да си ја откупи куќата за да го направиме тоа заедно нека ме контактира на мојов меил alekara@t-home.mk затоа што јас не сум во можност да ја покријам целата сума но половината можам да ја дадам со крајни напори затоа што сакам да му помогнам на ова недолжно детенце кое ја доживува истата судбина како мојата пред многу години.

  2. Објавено од Macko, на Одговори

    Им “благодарам” на сите што имаа желба а не се јавија јас не чекав и го исполнив моето ветување.Ви благодарам.

  3. Објавено од Tinna, на Одговори

    Macko, sekoja chest….bravo!!!! slucajno sega go gledam postot. Dali navistina im pomogna, dali se podobro? Bravo za tebe, nemam zborovi…

  4. Објавено од Chris, на Одговори

    Maco pushtimi email nie ke gi pushtime parite od diaspora Canada
    Chris.moisiovski@hotmail.com
    The cekame

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: