Завршен апел за помош на семејството Рајчиновски

5

Во беда и сиромаштија живее петчленото семејство Рајчиновски од село Мислешево струшко. Таткото е волонтер во болница и зема 4500 денари плата. Сопругата не може да работи, бидејќи за да го спаси животот на нивната болна ќерка го донирала својот бубрег.

Дукадинка има 16 години родена е со тешка болест на бубрезите. Лани врз неа е извршена првата трансплантација на бубрег во земјава. Сега прима терапија, секој месец оди на контрола во Скопје и потребна и е посебна исхрана.

– Со мојата плата само за неа за одење во Скопје на контрола, за патот и нешто што плаќаме. Лекарствата за неа некои ги купуваме. Храна мора да им обезбедиме на сите деца, вели Илче Рајчиновски жител на Мислешево.

Секој ден е битка како да се преживее, а детските желби се скромни. Сонуваат за тоа што е неопходно облека, чоколади и млеко.

– Сакам облека, пљачки и храна, вели Дукадинка Рајчиновска.

Пред два месеци на семејството им е укината социјалната помош,а благодарение на ЕВН имаат струја. Рајчиновски ги молат надлежните да им помогнат.

– До министерот Тодоров да ми овозможи решение за работа и финансиска помош за егзистенција. Хумани луѓе од земјава и бизнисмени ги молам да ми помогнат, моли за помош Илче.

Не испратија од нивниот скромен дом со надеж дека тажните детски очи ќе допрат до надлежните институции и хуманите граѓани.

Сите кои сакаат да помогнат може да донираат на сметката 530500011345853 на Дукадинка Рајчиновска.

Превземено од: Канал 5

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: