Завршен апел за помош на семејството Павиќ

4

Драги пријатели.

Да помогнеме уште едно семејство да ги доживее барем дел од благодетите кои нам ни се секојдневие.

Да подадеме рака на оние кои имаат помалку среќа да живеат безгрижно како нас.

Семејството Павиќ од скопското село Кучевиште брои три члена, самохраната мајка Загорка, и нејзините две деца, синот на 13- годишна возраст и ќерката на 16- годишна возраст. Мајката е невработена, а децата ученици.

Живеат во една трошна куќичка на крајот на селото, без основни услови за живот.

Имаат потреба во облека, обувки,  храна, средства за хигиена, средства за одржување на домот, училишен прибор…Доколку некој може да помогне и за вработување на мајката..Секоја помош е добредојдена.

Доколку кај некој од вас оваа тажна сторија за ова беспомошно семејство развие чуство за општествена одговорност и макар и трошка хуманост, ве молиме да помогнете со тоа што го имате.

Контактот со семејството можете да го добиете на нашиот имејл : mail@donacii.mk

Едно семејство ќе ви биде вечно благодарно.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: