Завршен апел за помош на семејството на петгодишниот Адмир Рамадани

5

Да му помогнеме на семејството Рамадани.

Адмир не е обично дете со пет години. Неговите пет години се исполнети со грижи и одговорности поголеми од скоро на сите негови врсници. Игрите и дружбата со неговите врсници не е негово секојдневие…

Петгодишното  детенце Адмир се грижи за двајцата слепи родители, Шенај и Далиб.

Семејството живее само од средствата за нега, со кои успева да плати сметки и да купи малку храна.

Но ова семејство живее во многу скромни услови, ова дете нема детство како нашите деца.

На семејството Рамадани може да им се помогне со донација на Жиро Сметка

200002467126316 на Стопанска Банка на име Далип Рамадани.

Контакт со семејството на 076925868

Дополнително, потребни се тепих и стаза за во ходник, плакар за алиштата на Адмир, и две нови кебиња за Адмир

Сторијата за ова семејство ја пронајдовме во “Дневник”, објавена од Марија Тасев

“Далиб, таткото на овој мал херој, вели дека Адмир има само пет години и веќе на свој начин ги распознава банкнотите, па води сметка дали на касите во маркетите вратиле кусур како што треба. 

Баба, има скали, три! Баба, дали ти вратија две големи бели пари? Вака петгодишниот Адмир Рамадани се грижи за својот татко додека пазарат. Неговиот татко Далиб е слеп од двегодишна возраст, а мајка му Шенас ослепела кога имала само неколку месеци.

Адмир има пет години, а веќе добро знае сам да се грижи за себе, но и да им помага на родителите.

Живеат во една соба

Не е нескромно ако се каже дека на оваа возраст е позрел од многу повозрасни од него. Така го натерал животот.

Ова необично и храбро семејство живее во скопски Kапиштец, во една мала приземна и трошна куќа, оскудно наместена, но чиста и функционална. Сопругата на Далиб, Шенас, воопшто не гледа, но некако успева да се грижи и за куќата и за семејството. Навистина е неверојатно како успева да нареди с` на свое место. Живеат во една соба со два кревета и една маса на средината, а во соседната просторија има импровизирана кујна и бања.

Таа само додаде дека не одбиваат помош и оти имаат потреба одвреме-навреме некој да ги посети, вели многу се осамени, а нивните соседи станале далечни и туѓи.”

Мариjа Тасев

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Simona Negrievska, на Одговори

    Ве молам во врска со апелот за помош за Адмир Рамадани, дали сликовниците да бидат на македонски или на албански јазик?

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: