Завршен апел за помош на семејството на Даниела Кировска

3

Само што наполнил една година малиот Омер, третото дете на Даниела останал без таткото кој ги напуштил без збор. Од тогаш Даниела со трите деца поддршка има само од нејзината свекрва, пренесува Канал5.

Семејството живее под кирија, а единствен приход им се осумте илјади денари што мајката ги добива за родено трето дете.

„Многу тешко живееме. Не знам како ќе ја поминеме зимата“, вели Даниела Кировска.

Пет илјади плаќаат за кирија, а со другите треба да платат сметки, а за храна ако имаат. Омер млеко не пиел еден месец, а немаат пари за пелени. Бабата вели дека не се плаши од работа и би работела што треба.

Единствена радост денеска им беше малата донација од Канал 5 телевизија храна и средства за хигиена, а оние кои сакаат да помогнат може да донираат на 210501651237645 Тутунска банка, Благица Боневска.

Oние кои сакаат да помогнат може да донираат на 210501651237645 Тутунска банка, Благица Боневска

Извор: Канал 5

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: