Завршен апел за помош на семејството на Славица и Себастијан Мемед

1

Драги пријатели,

да помогнеме на едно четиричлено семејство кое е останато на улица. Еден татко и мајка со своите две дечиња не замолуваат за помош, а ние ве замолуваме вас.

Семејството на Славица и Себастијан Мемед е оставено на улица, откако беа приморани да ја напуштат трошната куќичка каде живееја под кирија. Со примања од 1500 денари социјална помош, мајката и таткото немаат основни средства ни за прехрана , а камо ли за нешто друго. А зимата е на прагот…

  Семејството има две мали дечиња од кои поголемото има само 18 месеци, а
 моментално се на улица и немаат место за живеење, откако им бил срушен
 импровизираниот дом позади Народна банка. Двајцата се невработени и
 користат социјална помош од само 1500 денари, и не можат сами да
 плаќаат за кирија, а средствата не им стигнуваат ни за покривање на
основните трошоци за храна, облека… Едно од дечињата пред скоро
 време излегло од болница, имало пневмонија, но поради тоа што се сега
 на улица повторно се сите болни, а најголем е ризикот за дечињата.


Пред извесно време поднеле и барање за добивање на социјален стан, но
 барањето им било одбиено. За жал, немаат каде да одат.

Ги замолуваме
сите хумани луѓе да донираат за ова семејство за да може да се сместат
во некое сопче со кујна и тоалет,

или пак ако имате некакво сместување да им понудите вие,

а доколку некој е во можност да им
 понуди и работа.

Контакт со семејството :

Славица: 070/782 360

Жиро сметка за помош:

 200002692727461

Стопанска Банка, на име на Себастијан Мемед

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: