Завршен апел за помош на семејството Маневи

8

Почитувани пријатели

ајде уште еднаш да ја покажеме нашата големина и да се обидеме да помогнеме, сите со она кое го имаме…

Мартин Манев е момче кое е дете со посебни потреби. Има петнаесет години, и живее во село Радање, Карбинци, општина Штип.

Тој има 15 години и живее со своите родители и својата тринаесетодишна сестра, вo субнормални услови.

Неговото семејство е со низок соцјален статус, во трошна кукичка, во услови под чвековото достоинство…Во куќата нема под, нема прозори, зидовите се стари и трошни, немаат бела техника, ни основи услови за хигиена…Без намештај, без мебел, и без храна пред се. Зимата се наближува а ова семејство се прашува како ќе ги мине студените денови…

Да помогнеме сите како можеме.

Се повикуваат градежните фирми, да им помогнат во реновирање на домот, компаниите кои работата со бела техника да донираат од истата, секој од нас кој може, да донира храна, облека, огрев, средства за хигиена, за одржување на домакинство, бела техника, градежен материјал, своето слободно време…да им овозможиме и на овие луѓе да имаат достоинствен живот.

Контакт лице за повее информации  околу помошта: Татјана Љапова:  075 389 555

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: