Завршен апел за помош на семејството Китановски

9

 

Уште едно семесјтво замолува за нашата помош.

ПОМОШ ВО ХРАНА, ОБЛЕКА, ОБУВКИ, КНИГИ, ПЕЛЕНИ, ИГРАЧКИ, ПОКУЌНИНА, ПАРИ….СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО ЗА ОВА СЕМЕЈСТВО ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ПРИПОР.

СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПОМОГНАT, КОНТАКТ ТЕЛЕФОНОТ МОЖАТ ДА ГО ДОБИЈАТ НА НАШАТА МЕЈЛ АДРЕСА:

mail@donacii.mk

НАШЕТО “МАЛКУ ” ЗА НИВ Е СЕ!

 

“Дванаесетчленото семејство Китановски со години живее оковано во беда и сиромаштија. Нивниот дом е трошна куќарка обележана со бројот “28” на улицата “Сава Ковачевиќ”. Таваните прокиснуваат, а низ прозорците фучи ветрот небаре сака да ги откорне. Првите студени денови ги пречекаа без огрев.
-Господ ни помага. Тој ни ги даде златниве дечиња, тој се грижи за сите нас, ни дава сила-вели Перо прекрстувајќи се со поглед кон небото.
Три години по венчавката тој и Васка немале деца, а потоа вели господ им дарувал секоја година по едно. Во борбата со сиромаштијата, големото семејство научило дека најсилно оружје е насмевката и вербата во подобро утре, но само кога се сите заедно. Жалат за Ангел и Ангела.
-Ангел почина минатата зима од студ. Имаше само две години. А пари немавме ниту сандак да купиме. Знаете ли каква болка е за мајка да изгуби дете, а да нема со што да го закопа. Да го исплаче на гробот. Не сум пуштила рака за милостина, ама тогаш со писмото в раце чукав од врата на врата и барав помош. И од општината барав ама ништо. Оваа држава не се грижи за нас. Дури и социјалното ни го укинаа. Среќа се уште има добри луѓе, па ни помагаат-раскажува Васка со тага во гласот.
Таа има уште една болка. Пред осум години ја родила Ангела која само по неколку дена и ја зеле во Дом за деца без родители. Бара да и ја вратат назад, но бадијала. Перо повеќе за себе вели: “Белки ако најдам постојана работа ќе биде поинаку, каква била, само да капнува по некој денар”.
Уште на самиот влез од нивниот дом се чувствува тешкиот мирис на влага, на мемла, а дневната светлина само се нА, аѕира. Наоколу, неколку прибрани кревети послани со стари ќебиња. Една маса, а столови нема за сите. Сите си го знаат редот. Нема кавги, плачење.

Тие сега имаат добиено и внуче, па потребна им е и бебешка опрема и облека.

Веруваат дека господ гледа се’ и својата добрина им ја праќа преку хуманите луѓе кои никогаш не забораваат на нив.”

Teкстот е превземен од Вечер

ПОМОШ ВО ХРАНА, ОБЛЕКА, ОБУВКИ, КНИГИ, ПЕЛЕНИ, ИГРАЧКИ, ПОКУЌНИНА, ПАРИ….СЕ Е ДОБРЕДОЈДЕНО ЗА ОВА СЕМЕЈСТВО ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ПРИПОР.

СИТЕ КОИ САКААТ ДА ПОМОГНА, КОНТАКТ ТЕЛЕФОНОТ МОЖАТ ДА ГО ДОБИЈАТ НА НАШАТА МЕЈЛ АДРЕСА:

mail@donacii.mk

НАШЕТО “МАЛКУ ” ЗА НИВ Е СЕ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

6 коментари

  1. Објавено од monika, на Одговори

    transakciska smetka na monika kitanovska: 203002584395339

  2. Објавено од vaska kitanovska, на Одговори

    +38978838847 vaska kitanovska

  3. Објавено од vaska kitanovska, на Одговори

    NA OVOJ BROJ MOZE DAME DOBIETE

  4. Објавено од monika, на Одговори

    pogresena e smetkava nee taa

  5. Објавено од monika kitanovska, на Одговори

    ovaa e smetka na monika kitanovska za donacii stopanska banka : 200002584395339

  6. Објавено од petar, на Одговори

    kako mozam da ispratam oblekii i takvi rabotiii ??

    od struga sum

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: