Завршен апел за помош на семејството Карчови од Штип

6

Секоја помош за ова семејство е добродојдена. Штип се покажа како хуман град. Штипјани се во акција за помош на ова семејство. Да помогнеме и ние.

Facebook страната Хуманитарна акција за помош на фам. Корчови е со цел да им помогнеме на фамилија Корчови. Помошта им е потребна веднаш и бара од нас како граѓани да се организраме. Секој кој сака и може да помогне може да се обрати со порака на страната или пак да контактира на телефонскиот број 077514318.

За викендот се потребни волонтери за да може да се завршат некои работи. Да ја покажеме хуманоста и да помогнеме. Хуманите луѓе донираа и ќе донират да помогнеме со волонтирање.

Преземено од ТУКА

„Сакам да си донесам другарки дома, ама не можам. Срам ми е немаме струја и ништо дома“, ја почна својата приказна 14-годишната Станка Карчова од Штип.
Наведнатата глава и очите полни солзи се секојдневи на 14 годишната Станка Карчова и нејзината две години помала сестра. радоста и насмевката од лицето на нив им ја избришал животот чија лоша страна ја искусиле многу мали.
Заедно со мајка им живеат во бедни услови. Трпат и за леб и за вода, а единствената храна која ја имале се расипала откако ЕВН им ја исклучила струјата:
„Целата храна ни се расипа, ни остана само туршијата што ја ставивме“, кажа Даниела Карчова.
Храна има малку и за еднаш во денот, а дури и таа мора да се дели на три:
„Ако видат дека јас не јадам не јадат ни тие“, рече Даниела.
Единствената светлина во домот на Карчови доаѓа од само еден прозорец, а внатре е темно дури и во ден. Неколку прачки во дворот се единствените дрва на кои ова семејство треба да се грее, па пред нив е уште една студена зима, иста како и онаа лани:
„Со сестра ми собиравме прачки за да се стоплиме“, рече Станка.
„Го изгорев регалот за да ги стоплам. немав ништо друго“, кажа Даниела .
Даниела, Тијана и Станка сами не можат да излезат од мракот. За тоа им е потребна помош од сите:
„Ги молам сите луѓе што можат, ако сакаат да ни помогнат , барем да добиеме струја, дрва и да имаме за јадење“, низ солзи молеше Станка.
Очите за помош на Станка се свртени кон сите. Со своите 14 години сама за себе не можа да стори ништо – дури ни да има нормално и мирно детство.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: