Завршен апел за помош на семејството Фелбаб

7

Трагедија на семејството Фелбаб Животот за семејството Фелбаб се претворил во вистински пекол, кога пролетта 2006. година Недељко (42) тешко се разболел. Откако му пукнала плеврата, овој вреден градежен работник можел само со солзи во очите да гледа како другите одат на работа и заработуваат за леб за своите деца. Веројатно од мака и тага, му заболело и срцето, а боледува и од спондилоза. Некогаш среќното семејство со големи планови за иднината, на тој начин останало без единствениот извор на приход. Денес со сопругата Маја (29) и нивните три деца Недељко живее во трошна куќа во индустриската зона на Зрењанин. – Вие не ги знаете нашите маки. Само Господ знае како ја преживеавме зимата. До неодамна јадевме само пченка која ја беревме во дворот на соседите. Децата се разболеа… – вели Недељко. Кај најстариот син Стојан (9), кој е инаку послабо ментално развиен, неодамна е откриено зголемување на слезинката. Младиот Никола (6) исто така ќе оди во специјално училиште, затоа што е ментално заостанат. Најмладиот Бојан, иако има три години, сeуште нема проговорено. Според неговиот исказ, сите надлежни установи останале глуви на нивните повици. – Живееме во страшни услови. Преживуваме цел месец со 17.000 динари детски додаток, а само кирија плаќаме 7.000 динари. Додека ги платиме сметките ни остануваат сe на сe 2.000 за храна – очаен е Недељко, кој престанал да купува лекови, за што повеќе пари да останат за децата. Сепак, како што вели, ситуацијата се подобрила по прилогот на телевизија. Од тогаш почнале да се јавуваат луѓе со добра волја, како од Србија, така и од странство. – Добивме машина за перење алишта и замрзнувач. Меѓутоа попусто ни е замрзнувачот, кога немаме што да ставиме во него – искрен е таткото на ова семејство. – Нашите деца се гладни и желни за сe. Еднаш, во еден здив изедоа 10 килограми банани кои ги добиле на подарок. Се мачиме веќе со години, но најтешко од сe ми е кога децата ќе ми кажат: “Тато, ми се јаде чоколадо или месо“, а јас само им одговарам “Немам, сине“. Да не ви зборувам како е страшно кога ќе почнат да се споредуваат со другите деца, срцето ми се кине – зборува низ солзи Недељко Фелбаб. Помагајте луѓе!!! На овие сметки можете да уплатите доколку сте во можност за да овие луѓе конечно добијат покрив над главата:

Western Union Nedeljko Felbab Seceranska 18 Zrenjanin 23000 NA BROJ TELEFONA +381 061 8026065

Moze i Post-Netom Nedeljko Felbab Seceranska 18 Zrenjanin 23000 061 8026065

MAJA FELBAB SECERANSKA BR 18 KOMERCIJALNA BANKA DEVIZNI RACUN

MAJA FELBAB

90-310-1611690.0 IBAN: RS35205903101611690055 SWIFT: KOBBRSBG SWIFT: DEUTDEFF

Nedeljko Felbab Seceranska 18 23000 Zrenjanin Srbija

Dinarski racun Societe Generale 275001069217569034

Сторијата на семејството Фелбаб На youtube има и видеа за ова семејство, а низ интернет и преку медиуми се шират апели за нив. Преку оваа веб страница сакавме овој апел да стигне и до Македонија, за секој еден добротвор од Македонија или Македонец од странство и воопшто секој еден, кој ќе се почувствува повикан, да може да им помогне. Да се потрудиме секој, согласно на сопствените можности да им излеземе во пресрет. За нас можеби ќе биде нешто малку, ама за нив ќе биде од големо значење. Да помогнеме ние денес, затоа што утре ние можеби ќе имаме потреба! Ако сакате да прочитате повеќе, на google.com впишете “porodica felbab“ Се работи за една крајно потресна приказна (една од многуте) за едно сиромашно семејство. Многу е жално кога државата, но и сите оние кои имаат многу повеќе од ова семејство, не сакаат да им помогнат! Единствено што преостанува е да се потпрат на сите луѓе со добра волја!! Луѓево се од Зрењанин, ама помош може да дојде од секаде низ светот – прашање е дали се сака да се помогне. Ве молам, апелов да го прошириме секаде каде што можеме: интернет (портали, форуми, е-маил на наши пријатели, блогови, фејсбук…), телевизија, радио, весници, медиуми… да им кажеме на сите кои ги имаме како опција од Македонија и од надвор за да му помогнеме на ова семејство!! Колку е поголем бројот на информирани, толку е поголем и бројот на луѓе кои би помогнале. фејсбук профили за помош на ова семејство се: http://www.facebook.com/nedeljko.felbab http://www.facebook.com/pages/POMOC-VELIKO-SRCE-STOJAN-NIKOLA-BOJAN/331139610235023?sk=wall (на овие фејсбук профили има поставено и фотографии од документите кои ја потврдуваат финансиската состојба на ова семејство и здравствената состојба на неговите членови) Господ со нив и со нас за да им помогнеме!! Голема благодарност од името на семејството Фелбаб!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Иван, на Одговори

    На овие сметки можете да уплатите доколку сте во можност за да овие луѓе конечно добијат покрив над главата:

    Felbab Maja seceranska 18 zrenjanin 23000 srbija komercialna banka. za inostranstvo i crnu goru. broj racuna 90-310-1611690.0 IBAN RS35205903101611690055 SWIFT KOBBRSBG SWIFT DEUTDEFF

    Nedeljko Felbab
    felbab nedeljko seceranska18 23000 zrenjanin KBC BANKA 115-6200100000610-68

    Ако сакате да контактирате со нив, можете преку фејсбук групата или на следните телефонски броеви (за потсетување, луѓево се од Зрењанин):

    Тел…023525120- Мобилен. 0618026065

    фејсбук профили за помош на ова семејство се:
    http://www.facebook.com/nedeljko.felbab
    http://www.facebook.com/pages/POMOC-VELIKO-SRCE-STOJAN-NIKOLA-BOJAN/331139610235023?sk=wall
    (на овие фејсбук профили има поставено и фотографии од документите кои ја потврдуваат финансиската состојба на ова семејство и здравствената состојба на неговите членови)

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: