Завршен апел за помош на семејството Фејзула

3

Превземено од фб и Канал 5

На 19-ти јануари во страотен пожар целосно изгоре станот на семејството Фејзула, а таткото, кој едвај успеа да ги спаси мајката, сопругата и двете дечиња е пренесен во болница со изгореници од висок степен.

Изминатата недела хумани луѓе помогнаа на семејството со донација на облека и храна, но сега е потребно да се оспособи станот за семејството да може да ја помине зимата со покрив над глава.

“Ви благодариме од се срце на несебичната хуманост и на големото срце кое го имате. Денес бевме во посета на семејството Фејзула, семејство чиј стан беше опфатен во големиот пожар. Станот е во целост уништен и повеќе од кога е потребна нашата помош. Облека за двете деца е обезбедена и семејството е крајно благодарно. Останува да се помогне околу санација на станот кој во целост е уништен. За таа цел се формира посебен одбор од хумани граѓани, од еснафите од Чаршија, од познати и непознати, одбор на луѓе со големо срце.
За сите кои сакате да помогнете околу санацијата, дали со работна рака, дали со материјали, дали со мебел, дали со останата покуќнина може да се јавите на следниот број 070220225 – Бејто.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: