Завршен апел за помош на семејството Димитрови

2

Ние, семејството Димитрови од село Бели живееме во апатија поради нашата болест која со годините ја зголемува инвалидноста кај тројцата членови од семејството: мајка ми која е инвалид со години, јас со 21 година и брат ми со 19 години.

Додека нашите врсници имаат младешки соништа во животот, јас и мојот помал брат сонуваме само едно, да имаме свој топол дом и да можеме барем малку понормално да функционираме.

Свесни сме дека нашиот татко, кој цел живот се бори заедно со нас со болеста, не е во можност да ни обезбеди кров над главата и со тој факт живеевме до неодамна.

Но хуманиот Тоше Илиев од Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани не убедија дека не сме сами во очајот и болката, дека сепак има хумани луѓе кои ќе ни помогнат да изградиме свој дом.

Тие први ни подадоа рака и ни влеаја надеж, па денес со право веруваме дека ќе успееме, заедно со помошта од сите хумани граѓани од општината, да дојдеме до покрив над главата.

Се обраќаме до сите хумани граѓани од општината и пошироко, до колку сте во можност подржете не во намерата, донирајте во изградба на дом на едно беспомошно семејство.

Помошта можете да ја дадете во градежен материјал, работна рака и финансии. Секоја греда за нас е спас од безнадежноста, а за Вас пат до бога.

Донаторска трансакциона сметка; 200002643265512 Стопанска банка Кочани.

Тел: 071-691-852 – Драгана Димитрова

СО ВЕРБА ВО ХУМАНОСТА

Драгана Димитрова, село Бели
—–
Извор

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: