Завршен апел за помош на семејството Давчевски од Велес

3

Превземено од Градиме Иднина

“Многумина слушнавме за семсјтвото Давчевски од Велес и нивната судбина.
Куќата на шестчленото семејство Давчевски од Велес изгоре до темел. Семејството остана без покрив.

Штетата од пожарот беше преголема. На семејството Давчевски им помогнаа многу хумани луѓе, но сеуште им е потребна нашата помош. За да заврши успешно и до крај да биде реализирана помошта потребни се Вашите донации.

На Велибор Давчевски со сопругата Ленче и четирите малолетни деца им треба храна, облека, мебел и бела техника. Но пред се се потребни граджни материјали за да може да се заврши со изградбата на нивната куќа која е потребно да се догради.

Месец март го посветуваме на семјството Давчевски, да ја изградиме нивната иднина сите заедно. Ги замолуваме сите хумани граѓани да ни помогнат, а со тоа помагаат едно семејство да може да продолжи нормално и во нормални услвои да живее.

Хумани граѓани, компании, градежни фирми потребна е Вашата помош за да ја завшиме куќата на ова семесјтво. Здруженито „Градиме Иднина“ месец март ќе собира донации за ова семејство за во месец април да продолжиме со доградба на куќата (потребно е поставување на кров и внатрешно уредување).

Разни донации пристигнаа за ова семејство, но сега кога сме веќе при крај да не ги оставиме сами. Да ја изградиме заедно иднината за ова семејство.

За секоја донација, за доградба на куќата може да ни се обратите на телефонскиот број 078 717 905 – Илија, или пак на нашата меил адреса gradime.idnina@gmail.com

Дополнително може да донирате и на телефонските броеви за донација на име на нашето здружение
За корисници на
Вип – (077) 143 999
ОНЕ – (075) 143 999
Телеком – (070) 143 999

Секоја помош е добродојдена.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: