Завршен апел за помош на семејството Абазовски

5

Во малата трошна куќичка на ромското семејство Абазовски од Кратово избувнал пожар што  брзо се проширил и ги уништил двете мали соби и целата покуќнина на петчеленото семејство. 

alt

-Се што имав изгоре. Јас, сопругата и трите дечиња останавме на улица. На кратко децата ги сместив во домот на мојот брат, на неколку метри од нашата куќа, но таму нема услови за да останеме. И тие како мене, живеат во две мали сопчиња и нема услови да останеме таму додека не го обновиме домот. Живеам од скромна плата која не стига ниту за храна на петте члена, а камоли со неа да го поправам мојот изгорен дом. Ги молам сите добри луѓе во оваа наша држава да помогнат како можат и умеат, да ни донираат стар мебел и покуќнина, стари прозори за што поскоро моите три дечиња да добијат покрив над главата – упати апел Рамо Абазовски.

Трансакциска сметка за донации  320-5000215536-72
Централна кооперативна банка – Скопје
Рамо Абазовски

Телефон за контакт:075879911

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: