Завршен апел за помош на семејство од Кавадарци

8

Почитувани

да помогнеме на едно семејство, колку можеме, во рамки на можностите на секој од нас.

Едно кавадаречко семејство има потреба од наша помош.

Станува збор за двајца родители и нивниот син, момче со посебни потреби.

Тие се невработени и имаат потреба од Огрев за овие зимски денови, облека, храна за синот и Телевизор, кој пред кратко вре им е украден.

Доколку дома имате стар Телевизор, дарете им го, за момчето да може да гледа тв. Тоа е единствената забава која ја има.

Дарете им облека за 20 годишо машко момче, дарете им некое топло кебе, или огрев.

Храната секогаш недостига….

Сите кои сакаат да помогнат, контактот со семејството може да се добие на нашата мејл адреса : mail@donacii.mk

Да помогнеме!

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Marta Ristova, на Одговори

    Почитувани,
    има некој проблем, не можам да ви пратам мејл на оваа адреса. Пишете ми овде контакт од семејството од Кавадарци.
    Однапред благодарам.

  2. Објавено од Nade, на Одговори

    Почитувана, обидете се повторно со мејл на mail@donacii.mk
    Или оставете ни го вашиот мејл ние ќе ви пишеме контакт
    Секое добро.

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: