Завршен апел за помош на самохраната мајка Сузана

7

Комплетно превземено од Коалиција Боите на Животот

 

“Сузана е самохрана мајка која од своите 28 години останала без своите родители и самостојно се бори во животот. И покрај тоа што Сузана нема постојани приходи и никаква подршка од семејството таа сепак како самохрана мајка се обидува на најдобар можен начин да се грижи за својот 14 годишен син Илија. Двајцата живеат во две трошни соби кои претставуваат остаток од некогашното живеалиште на нејзините починати родители. Ова живеалиште е скоро пред распаѓање а проблемите стануваат уште поголеми со оглед на надоаѓањето на зимата. Затоа во моментов постои итна потреба од инфраструктурно подобрување и тоа највеќе во вид на донација на градежни материјали и/или материјали за кујна.
Потребни донации:
Градежни материјали и работна рака;
Елементи за кујна;
Електричен шпорет;
Економични греалки;
Тенџериња и тави за готвење;
Храна ;
Доколку имате конкретна идеја како можете да помогнете со лична донација или пак контакти од фирми кои би ги исконтактирале со донација на материјали ве молиме исконтактирајте не на телeфон 070/378 391.
Ви благодариме”- велат организаторите на акцијата

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: