Завршен апел за помош на самохраната мајка Сузана

18

Сузана е самохрана мајка која работи како хигиеничарка во Општина Карпош, живее во трошна куќа со својот 14 годишен син Илија. Куќата само што не се распаднала, страв со кој се соочува секојдневно.

Раскажува Сузана:

„Со една мала плата, не можам ништо да направам.За што попрво. Колку пати сум се враќала од работа плачејќи, без да имам за леб. Чистам по улиците, работам како хигеничарка во влезови, тоа што го заработувам пак не е доволно.Сама сум со синот, родителите ми се починати, немам ни брат ни сестра,“ со солзи во очите ми раскажува Сузана, во нејзиниот двор пред трошната куќа.
„Илија е свесен дека немаме и дека сме сиромашни.Ништо не ми бара да му купам, што ќе му принесам тоа јаде. Не пребира. Заради околностите во кои живееме, детето ми е повлечено. Од нервози што не можам да му пружам како родител барем основни работи, имам еден куп болести. Еден период бев толку многу болна и само му се молев на Бога да преживеам. Си велам, ако отидам на кого ќе го оставам,“

Нејзе и требаат храна, гардероба за синот, храна, но најмногу од се да се реши проблемот со куќата за да не и падне на глава.Одредени донации веќе примила, но тоа не е доволно.

Секој што сака и може да помогне нека се обрати на меилотzsilvana6@gmail.com

Жиро сметка: Сузана Пенова 200002003283665 Стопанска Банка А.Д Скопје

Контакт:078/228-220 Сузана

ЕМагазинВести

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: