Завршен апел за помош на првачето Тина и семејството Алексовски

11

Семејството Алексовски има потреба од материјална помош во храна, облека, обувки, постелнина, приборт за училиште за Тина, деткса облека за двегодишниот Дамјан, но и парична помош, зошто живеат од социјална помош…

Сите кои сакаат да им помогнат, можат да се обратат на овој мејл: aroliver77@yahoo.com

на Фб Профилот https://www.facebook.com/oliver.arsovski?ref=tn_tnmn

или на телефон : 075-648-310

Написот е превземен од порталот http://aberdzija.com/

Еве ја целата сторија за семејството Алексовски:

“-Детето сега тргна во прво одделение, но нема услови да продолжи да се школува бидејќи училиштето е премногу далеку. Три часа се пешачи, а кога врне е уште полошо. Приморани сме да го прекинеме школувањето на детето, а се плашиме од казна бидејќи таа законски мора да оди на училиште – вели таткото Мартин.

За да им се помогне барем во овој сегмент, Директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ му излегол во пресрет на семејството Алексовски, доделувајќи му простории во старата напуштена училишна зграда во близина на новото училиште. За доброто на својата ќерќа, родителите се сложиле да се преселат во Страцин и да презимат во распаднатата зграда. Но, тука не завршуваат проблемите на четиричленото семејство Алексовски. Во новиот дом со родителите и Тина ќе живее и двегодишниот Дамјан, а условите се катастрофални. Кога врне, распаднатиот покрив пропушта и дождовницата се собира по подот на собите. 

-Добивме простории, но немам што да внесам во нив, а во празни соби не се живее. Ние сме четири члена, а живееме од 2.600 денари социјална помош. Не работам никаде, бидејќи нема кој да ја однесе и врати Тина од училиште. Страцин е село на автопат, од тука многу полесно ќе најдам работа, за разлика од Пендаќ, село заборавено и од Господ – вели таткото.
Семејството Алексовски веќе ја прими првата донација, а очекуваат хуманите луѓе со големо срце да помогнат на било кој начин за Тина и Дамјан да имаат нормално детство.
– Согледувајќи ја маката на семејството Алексовски, за кус рок обезбедивме помош во храна, облека, обувки и школски прибор. За почеток, обезбедивме еден кревет, а собираме и средства со кои за неколку дена семејството Алексовски ќе добие нова печка за греење и печење леб – вели Гордана Накова, хумана активистка и претседател на локалниот огранок на Форумот на жени на СПМ.
Семејството Алексовски живее од социјална помош во висина од 2.600 денари. Овие средства не им стигаат ниту за режиските трошоци, а камоли да купат храна, облека или нешто за во куќа. Се надеваат дека во крајпатниот Страцин ќе започнат нов живот кој ќе им донесе благосостојба и среќа. За почеток, Мартин и Жаклина ќе јадат леб и сол, но најважно за нив е нивната Тина да го продолжи школувањето.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: