Завршен апел за помош на поплавените подрачја во Скопје

9

„Никогаш не ни се случила ваква поплава. За само две минути водата стигна висина од над 1,5 метар. Буицата носеше возила со себе, делови од куќи, покуќнини. Водата бликаше од сите страни. Среќа што можевме да избегаме на првиот кат од куќата, долу се беше под вода“, раскажува Благоја, 63-годишен жител на скопската населба Ченто, во делот кој се граничи со Сингелиќ.

Населбата беше една од погодените во синоќешното невреме во Скопје, кое однесе дваесет човечки животи во Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново. Утринава целиот дел од населбата беше во кал. Улиците беа блокирани од автомобили кои водата ги влечела со себе и оставила по улиците.

Сеуште е потребна помош во вид на донации но и помош за расчистување на домовите.

Да помогнеме на нашите сограѓани!

Согласно информациите добиени од Црвениот крст на Град Скопје, апелираат во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 08:00 до 16:00 часот (телефон за контакт: 3 096 227)

 

Делумно преземено од Радио Моф и Црвен Крст

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: