Завршен апел за помош на петчлено семејство

2

Почитувани пријатели,

на нашиот мејл пристигна барање за помош на петчено семејство  кои имат потреба од нашата и ваша помош.

Имено, мајката ни ја раскажа нивната приказна: таа невработена, сопругот ја изгубил работата откако се повредил на работното место и сега не е во состојба да го прехрани семејството. Со три сина од 10 до 17 години, мајката единствен начин да му овозможи на семејството нормален живот засега наоѓа во нашата хуманост.

Секаква помош е добредојдена- во облека, обувки, пари, храна…

Почитувајки ја нејзината желба за анонимност, сите кои сакаат да помогнат можат да не контактираат на нашиот мејл : mail@donacii.mk, каде како одговор ке го добијат телефонскиот контакт од мајката која побара помош.

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!

 

 

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: