Завршен апел за помош на пет опожарени семејства од скопско Кондово

2

Превземено од Алсат

“24 жители од 5 семејства останаа на улица откако нивните социјални домови во село Кондово, Скопско, беа изгорени до темел.

Разочарани, тие едвај изнаоѓаат зборови за да го опишат ужасот кој го доживеале од огнот кој избил во доцните вечерни часови, од кој едвај успеале да спасат глава. Повеќето од семејствата овие социјални домови ги земале пред повеќе од 15 години поради тешката егзистенцијална состојба, а сега и тие домови со минимални услови им се изгубиле од пред очи. Од 24-те жители кои останаа на улица, 8 се деца на возраст од 2 месеца до 7 години.

” Останавме без покрив, без покуќнина, без ништо. Само облеката која ја имавме на нас“, велат жителите.”

На овие семејства им треба помош во материјални средства, опрема за изградба на нивните домови, градежни материјали, облека, покуќнина… Тие изгубиле се.

Секој кој сака да помогне може да се јави за информации на 072 548 702

Да покажеме дека сме луѓе!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: