Завршен апел за помош на опожареното семејство Стојкови

3

Превземено од

https://www.facebook.com/zamihailiandonija

http://www.kurir.mk

http://republika.mk/?

“Домот на семејството Стојкови настрада во пожар, па родителите и нивните дечиња Михаил и Андонија загубија сè што имале во животот.
Апел до хуманите граѓани да им помогнеме и барем малку да им дадеме утеха во овие најтешки денови.

Потребна е облека машка и женска со големина xxl и м за родителите, а за дечињата машка облека со број 10, обувки број 33 и женска облека со број 5 и обувки 26.

На ова семејство му е потребен и мебел, покуќнина… Едноставно, сè.

Но, најважно е да помогнеме со парични средства за барем малку да им се помогне во изградба на домот што го загубиле.

Тие што се во состојба може да донираат на следнава сметка:

Халкбанк 270-7000352102-70

на име Стојко Стојков

Цел на дознака „Стојкови-за донација“.”

Почитувани, ова се работите кои им се потребни на семејството Стојкови:
– Спална соба ( цела или некој дел – душек 200х 160, кревет, шкаф, патеки)
– постелнина ( навлаки, чаршави, перници, јоргани….)
– трпезариска маса и столчиња
– елементи за кујна и електрични апарати ( шпорет, фрижидер, микробранова)
– прибор за јадење и готвење
– мебел за дневна соба ( комода, клуб маса, гарнитура, теписи..)
– телевизор
– плочки за купатило и санитарии
– боја за кречење
– работна маса за детска соба
– школски прибор ( боици, фломастери, тетратки, блокови…)
– средства за лична хигиена и козметика ( за возрасни и за деца)
– средства за чистење

Доколку можете да озбезбедите нешто од овие работи, Ве молам контактирајте  на 078 217 173 , за да можеме да се координираaт лицата кои помагаат во врска со доставувањето на помошта.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: