Завршен апел за помош на опожареното семејство на Љупчо Стојчевски

8

Превземено од СИТЕЛ.

Домот што семејството Стојчевски макотрпно го градел десетина години, преку ноќ стана со еден збор – пепел. Скромната куќа во скопски Чаир, за неполни половина час огнот ја претворил во руина. Љупчо Стојчевски со Пожарната служба за 30 години од пламена стихија спасил многу домови и семејства.

Не ни сонувал дека еден ден огнот ќе го проголта неговиот дом, и дека со сопругата Валентина преку ноќ ќе останат на улица. Пожарот почнал од просторијата која ја уредувале со најмногу љубов – во неа наскоро требало да се всели бебе. Веројатно инсталацијата е виновна што од покуќнината не остана скоро ништо, вели Љупчо.

Ќе треба многу пари, труд и време опожарената куќа повторно да заличи на дом, велат Стојчевски. До општината,организациите и хуманите сограѓани апелираат да помогнат кој колку е во можност.

Потребни се градежни материјали, зошто семејството буквално нема крво над главата. Моментално се сместени кај роднини.

Потребна е помош и во бела техника и мебел, и средства за домакинство.

ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ЛУЃЕ!!!

Донација на име 
Љупчо Стојчевски
НЛБ Тутунска: 210501657327014
Мобилен: 070 857 093 (негов број доколку сака некој директно да стапи контакт со него)

Директни донации може да се направат и на овој линк, директно од вашиот компјутер и вашата платежна картичка

https://www.gofundme.com/myk2s4

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: