Завршен апел за помош на опожареното семејство Јанушеви од Велес

7

Превземено од www.veles.gov.mk и www.duma.mk

 

Да му помогнеме на семејството Јанушеви, кое остана без својот дом в големиот пожар во насебата “Дворови” во Велес, кој избувна на 10 февруари

Целосно изгореа домовите на семејствата Јанушеви и Бошкови. Речиси ништо не остана и од шивачката работилница во близина, а огнот зафати уште три куќи од соседството. 74 годишна жена го загуби животот откако остана затрупана под урнатините во пожарот. 12 лица останаа без покрив над главата.

На семејствто Јанушеви им е потребна помош во материјални средства за да ја изградат пак својата куќа, својот покрив над главата.

Треба да се купи покуќнина, апарати за домакинството, бела техника, да се изгради куќата, да се санира кровот…

Сите кои можат да помогнат, од градежни компании, до институции и поединци,можат да уплатат средства на жиро сметката:

210-7000006214-21- Tутунска Банка

на име Јануш Јанушев

Контакт можете да остварите на телефоскиот број: 078478725 -Кристина Јанушева

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: