Завршен апел за помош на опожареното семејство Давчевски од Велес

10

Информацијата е превземена од ТУКА

Почитувани пријатели
ајде уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

Семејството Давчевски, на кои куќата им изгоре на 01 ноември 2014 година, апелираат до сите граѓани за помош да си го изградат повторно домот во кој што си живееа.

Моментално се сместени во с. Теово каде што немаат никакви услови за живот, во една соба без вода со своите четири деца.
Вака изгледа собата каде што се сместени семејството Давчевски.

PicMonkey Collage

На куќата и фали кров, не е малтарена, нема инсталација за струја ниту пак за вода.

БИДЕТЕ ХУМАНИ И ПОМОГНЕТЕ ОВА СЕМЕЈСТВО ДА СЕ ВРАТИ ВО СВОЈОТ ДОМ!

Вашата  помош е многу значајна за малите Тина, Сара, Стефан и Ивана.

Живот со солзи, дожд и леб под покрив во распаѓање.
Во речиси распадната  куќа и непријатен мирис кој што се шири од свињарската фарма во непосредна близина на куќата, без вода и струја, во услови далеку од секакво човечко достоинство, на 40 километри од Велес во селото Теово, веќе шест месеци живее шест членото семејство Давчеви.

Минатата година, на само два месеци пред новата 2015 години, пламените јазици на оваа семејство им одзедоа буквално се. Им изгоре куќата до темел. Шестгодишната Тамара, четири годишната Сара, две годишната Стефани и најмалата Ивана која што тогаш беше неколку месечно бебе, заедно со нивните родители Ленче и Велибор Давчеви останаа буквално на улица.Пожарот им проголта се.

– Инспекторот рече дека причината за пожарот била струјата.Јас и не бев дома, бев на работа во Скопје и во 21 часот за петнаесет минути до темел изгоре се. Кога се запали куќата, ако не бил соседот двете поголемите девојчиња ќе изгореле. Кај сестра му седевме некое време, а потоа дојдовме тука, бидејќи и таму бевме во една соба. – додава Ленче.

Бидејќи Велибор немал можност да работи, ниту да заработи, во градот немале можност да плаќаат за станарина, ниту пак за вода и струја, семејството морало да се врати во селото и тука да живее, барем додека во куќата во Велес,не се обезбедат минимални услови за живот.

– Потребни се финансиски средства за да се направи куќа.Само една соба да направиме во куќата, доста ни е. Тука во селото  нема ништо, ни вода ни струја, сопругата во реката оди да пере. Нема други можности и мора да седиме тука. Во текот на зимата тешко и тука да преживееме. Оваа куќа секој момент може да падне.Еве почнаа и дождовите, тече од секаде,сите сме во една соба, но како да сме надвор, со страв дека во секој момент, мозе кровот да ни падне на глава.

Најголема шестгодишната Сара оваа учебна година требало да тргне на училиште, но за тоа нема услови, во селото нема училиште.

– Голема е и само вика, тато кога ќе одиме во Велес .На школо требаше да тргне, но не може.

Куќата во Велес, со помош на донации и пари од роднини кои што живеат во странство е изградена до карабина, со донации се обебзедени и прозорци за куќата, добри луѓе помогнале, донирајќи им ги нивните стари шпорети, кревети,фрижидери, како за почеток, да има нешто. Животот го почнуваме од почеток, велат Давчеви.Многу е тешко, во еден момент да имаш се, во следниот да немаш ништо.

 На мене не ми треба спални. Најосновните услови ги имаме, шпорет, фрижидер, тоа ни треба за да живееме на децата им се потребни памперси, облека, чевлички – додава мајката Ленче

На оваа семесјтво секоја помош е добредојдена, од храна до облека, се до покуќнина. И нивните  четири ќеркички  како и сите деца имаат право на безгрижно детство и достоинствени услови за живот.

Контакт телефон  071/223-019

11261828_1638456999774628_6242933557391806356_n11709453_1638457136441281_8892551735720969531_n11659351_1638457179774610_4329317809566839552_n11017481_1638457206441274_1383216770935840809_n

Жиро сметка :
Ленче Давчевска
210-5016692801.30
Тутунска банка АД
За донации од другите земји:
IBAN Code MK07210501669280130
Bank Name NLB TUTUNSKA BANKA A.D. SKOPJE
Bank Addres Majka Tereza br. 1
Coyntry MAKEDONIJA
SWIFT TUTNMK22

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.
Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: