Завршен апел за помош на Наташа Пановска

0

Почитувани,

 

 

 

Во септември 2009 година на Наташа и е дијагностицирана Акутна Миелобластна Леукемија – AML-M2/M4. Со цел за лекување на болеста добивав цитостатска терапија на Клиниката за Хематологија во Универзитетскиот центар Скопје, и по влегувањето во ремисија и е направена трансплантација на коскена срцевина, која за жал, поради немање на сроден и несроден дарител, беше автологна.

 

На нејзина голема несреќа, на направената контрола на 06.05.2011, ми беше дијагностициран релапс на болеста (Relapsis Leucosis nonlyphoblastica), што подразбира потреба од повторно долготрајно лекување и повторна трансплантација.

 

Со оглед дека трансплантацијата би било потребно да биде направена од несроден дарител, направена е  контрола и консултација со Проф. Д-р. Ухарек, од  Берлин (Шарите болница), чиј одговор Ви го приложуваме. Тој смета дека е потребно да се почни со терапија уште веднаш, и веднаш да се почне пребарување за дарител на матични клетки, кој би бил соодветен.

 

За сите овие процедури и лекувања, потребни се големи финансиски средства, околу 200.000 евра. Во меѓувреме, ќе поднесеме барање и до Фондот за Здравство на Република Македонија, како би добиле финансиско покритие. Сепак, и доколку се наиде на позитивен одговор од фондот, за покривање на дел од трошоците, средствата кои моето семејство е потребно да ги уплати за моето лекување, се навистина големи. Поради тоа, апелираме до сите граѓани кои се  во состојба да и помогнеме  со Ваша донација како Наташа би можела да започни со лекување.

 

Телефонскиот број за донации е:

T Mobile 070/143-300

ONE 075/ 143 222

VIP 077/ 143 222

Сметката на која би можеле да ги уплатите средставата за донации е

ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА:

320500021000578

Хуманитарен концерт за Наташа !

СТУДИО ЛЕОНТИЧ ЗА НАТАША

ДА И ПОМОГНЕМЕ НА НАТАША, ЗАТОА ШТО ЖИВОТОТ Е БЕСЦЕНЕТ !

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Andrijana, на Одговори

    sekoe titkanje na ovie broevi e sto denari?

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: