Завршен апел за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотресот во Непал

4

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека се приклучува кон прелиминарниот Апел објавен од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал во висина од 33.480.000 ЦХФ. Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Непал, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.

Средствата можат да се донираат до 15 мај 2015 година и ќе бидат префрлени на Меѓународната федерација за настраданото население во Непал.

Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе биде помогнато да обезбеди помош и поддршка на 75.000 лица (15.000 семејства). Помошта е насочена кон интервентна потреба од здравствена и социјална грижа, интервентна потреба за сместување, поврзување на раздвоени семејства, институционална подготвеност на националното друштво и заедниците и намалување на ризиците. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина првично интервенираше со помош во висина од 500.000 ЦХФ.

Силниот катастрофален земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала кој на 25 април 2015 година го погоди Непал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Според првичните известувања на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Непал загинаа над 2.500 лица, од кои над 634 лица во главниот град Катманду. Бројот на жртвите се зголемува и се очекува истиот да се зголеми значително. Повеќе од 5.000 куќи се разрушени, направени се големи оштетувања на инфраструктурата.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Зоран, на Одговори

    Донирав 100 денари за Катманду. И после гледам дека истиот број 143 400 бил и за поплавите во Македонија. Каде ке отидат моите 100 денари?

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: