Завршен апел за помош на музичарот Митко Мустачки-Сокол

4

Се повикуваат сите хумани граѓани да донираат средства за помошна скопскиот рок музичар Митко Мустачки-Сокол.

Мустачки боледува од оштетување на црниот дроб (80% оштетување на црниот дроб-Цироза). Бидејќи веќе е тешко подвижен и нема никакви шанси да работи или да дојде до финансиски средства за живот и лекување, неговите пријатели и музички колеги организираат хуманитарна акција за собирање финансиски средства за негово понатамошно лекување.

Постои и шанса за пресадување на црниот дроб, но сето тоа е во почетна фаза на испитување и барање на соодветен донатор.

Средствата може да се уплаќаат на банкарската сметка од Комерцијална Банка АД Скопје, на име на неговата мајка Марија Мустачка со која живее. Сметка: 300007032445425, Цел на дознака: Донација за лекување.

Се надеваме дека Сокол ќе успее да ја победи оваа тешка болест и пак да го видиме меѓу нас ведар и насмеан, како сите го познаваме.

Мустачки има дадено огромен придонес за македонската рок музика, градејќи ја со децении македонската антологиска рок сцена, за едно со неговите истомисленици и колеги.

Превземено од ИНПРЕС

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: