Завршен апел за помош на Мара Јанческа од тетовско Старо Село

8

Апелoт е комплетно превземен од NOVATV.MK

“Марa Јанческа од тетовско Старо Село е со пречки во развојот и живее сама во трошна куќа. Единствено примање и е социјална помош од околу 2000 денари, пари со кои може да ја плати само сметката за струја. Нејзината сестра Душанка Јовановска која живее во Тетово, вели дека и помага за храна облека и лекови, но тоа не е доволно. Апелира до хуманите луѓе и државните институции на било каков начин да и излезат во пресрет, на нејзината беспомошна сестра.

– Мојата сестра не е здрава и способна да заработува за да егзистира. Има пречки во развојот и е со намалена интелегенција. Јас секој втор ден и носам храна. Ја носам на доктор и и купувам лекови. Родителите живееа со Мара, но сега тие се починати и мојата сестра е оставена сама да живее а само со социјална помош не може да се опстане, вели сестрата на Мара, Душанка Јовановска.

-Најголема помош за мојата сестра е доколку и се изгради барем една соба за да може човечки да го помине останатиот дел од животот. Куќата во која живее претходно било плевна па адаптирана за живот. Но сега покривот веќе почнал да прокиснува, вели Душанка.

– Сега во зимскиот период од целиот покрив тече вода, не е сува и не е безбедна куќата за спиење, може покривот во секој момент да падне и да ја поклопи мојата сестра. Затоа барам помош од институциите и фирмите да и се изгради покрив на глава, вели Душанка. “

СИТЕ КОИ САКААТ ДА И ПОМОГНАТ НА ТЕТКА МАРА, МОЖАТ ДА ЈА КОНТАКТИРААТ НЕЈЗИНАТА СЕСТРА ДУШАНКА , НА ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ  078 912 592

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: