Завршен апел за помош на малечката Ѕвезда

0

Родителите на ова девојче од Гостивар веќе една година ја одложуваат операцијата на срцето поради немање пари.

Рокот за операција срцевата мана на двегодишната Ѕвезда бил во септември лани, но беспарицата го спречило заминувањето во Бугарија каде треба да се изврши оваа операција.

И покрај јавните апели и повици, се уште не можат да се соберат потребните 2.600 евра.

Ѕвезда претходно веќе била оперирана на шестмесечна возраст. Парите тогаш се собрале од хумани луѓе по апелот испратен преку медиумите.

Но, маката не завршила тука, лекарите оцениле дека е неопходна уште една операција.

Семејството има потреба од нашата помош.Сите оние кои сакаат и се во можност да помогнат можат средствата да ги уплатат на следнава жиро сметка:

Број на жиро сметка

280122100360169 АЛФА БАНКА
на име Крсте Милошески

И со вртење на следниот донациски број од мрежата на ТМобиле донирате 100 денари : 070/ 143-110

ТВ Сител со сторија за малата Ѕвезда

ПОКАЖЕТЕ ЈА ВАШАТА ХУМАНОСТ !

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Христина, на Одговори

    Ve molam da mi dadete kontakt telefon na roditelite na Zvezda.

    Pozdrav,

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: