Завршен апел за помош на малата Надица од Велес

0

-Сакам да гледам, сакам да читам, вели Надица Трајковска.Успеа да преживее пад од 20 метри, но остана слепа.

12 годишната Надица Трајковска од Велес видот го изгуби во септември кога помагајќи на татко и падна од стаклениот кров директно на бетонот во подрумот од зградата во која живеат. Додека девојчето да биде донесено во Ургентниот центар во Скопје 3-пати е враќано во живот.

3 недели  била во кома. Поради повредите на главата, лицето, вилицата и нозете направени и се неколку операции, но нашите лекари не можат да и го вратат видот.

Со конзилијарно мислење од очната клиника Надица во понеделник треба да замине на преглед во Москва. Од таму на родителите им дале потврден одговор дека ќе се обидат детето да прогледа.

-Ни викаат ако чувствува светлина може со операција да прогледа, а она вели дека осеќа светлина, вели Оливер Трајковски, татко на Надица.

Само за првичните консултации и испитувања во Русија потребни се 6000 евра. Мал дел од оваа сума  е собрана со помош на донации, а 80 проценти од трошоците ќе покрие и фондот за здравство. Но понатамошното лекување, сложената операција и престојот во Русија чинат многу повеќе.

Родителите на Надица ја немаат собрано ниту првичната сума која е само за прегледот , бидејќи се невработени и  живеат од социјална помош.

Сакаат нивната Надица да продолжи да живее нормално како и секое дете и апелираат за помош до сите хумани луѓе.

Надица не може да оди на училиште, ниту да се дружи и игра со врсниците. Во 6-то одделение била само еден ден зошто несреќата се случи на 2 септември.

-Ова е местото каде пред точно 5 месеци се случи големата несреќа кога малата Надица падна од 20 метри височина.

За да може 12-годишното девојче повторно да ја види светлината на денот и нормално по 4-ти пат да продолжи нормално да живее може  да помогнете со донирање на следната  трансакциона сметка.

Трансакциска сметка 200002272681571-Стопанска банка на име Надица Трајковска

и на телефонот 075/143 -123 (само за корисници на ОНЕ)

070-143-132 (само за корисниците на Т-мобиле)

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: