Завршен апел за помош на малата Бинас

0

Неколку граѓани веќе донираа средства за операција во Истанбул на 15 месечната Бинас Таироска,која е слепа од предвременото раѓање и инкубаторот.Таа ја немаше среќата да биде опериран како нејзиниот брат близнак Тахир и да го види сонцето. Со хуманитарна кампања која ја отвори Зенит и со заедничка благородна поддршка и таа има шанса да прогледа и да се радува на детството.Треба да се соберат 2 илјади евра од потребните 10 илјади, од кои остатокот ќе го плати државата.Отворивме посебна сметка за да испратиме Бинас со родителите на операција да прогледа.

Сметката за донации е – 200002275965312 во Стопанска банка-Скопје.Ќе ја контролираат читателите со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите средства.Кога ќе се соберат 120 илјади денари , средствата ќе се насочени во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истанбул.

Ги повикуваме сите хумани луѓе, заеднички да ги собериме потребни средства и да го избадиме невинотото дете од темнина, за да му се придружи на својот брат – во детската игра со кукли и  играчки.

Извадок од весникот ЗЕНИТ.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Lili, на Одговори

    Dali moze da dobijam kontakt telefon od roditelite na devojceto zatoa shto go imav istiot problem so moeto dete i pominavme niz taa golgota

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: