Завршен апел за помош на Максим Стојановски

29

Драги пријатели, ајде како и секогаш  досега, да подадеме рака.

Да му помогнеме на едно мало детенце да ги види сите убавини на овој свет. Да ги види насмеаните лица на мама, тато и сите кои неизмерно го сакаат…

Малиот Максим Стојановски е роден пред една ипол година, и со грижата на мама и тато расте во едно прекасно детенце, но сепак, Максим има еден проблем за кој сме му потребни и ние. Максим има проблеми со видот. По долгите испитувања, конататирано е дека тука, во нашава земја, нема решение за лекување на Максим.

Решението за видот на Максим е во операција во странство. Клиниката е веќе пронајдена, но сумата која се побарува е навистина голема. Затоа, Мама и Тато на Максим не замолуваат сите нас да помогнеме.

Да помогнеме Максим да има прекрасно детство.

Телефонски број за донација :

T-Mobile  070143123 ( Со секој повик се донираат 100 денари)

ОНЕ  075143171

ВИП  077143773

Жиро сметка;

НЛБ Тутунска банка АД Скопје

жиро с-ка бр.: 210 7000006132 73

 

                                цел на дознака:донација за лекување во странство

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Oliver, на Одговори

    dobro ke moze li da se otvori paypal…ili money gram za tie sto se vo stranstvo da doniraat…

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: