Затворен апел за помош на кумановското семејство Мирковиќ

11

Информацијата и текстот се превземени од OFF.NET

” На импровизираниот влез во куќата има купиште ѓубре. Не може да се влезе со чекори. Само ако скокаш, може да пријдеш во таа една единствена соба која мириса на измет и урина. “- Вака живее семејството Марковиќ во руинираната зграда на поранешниот Основен Суд во Куманово.

На ул. 11 Октомври, живее петчлено семејство, кое очајно бара помош некој да се погрижи за нивните чеда.

Мајката е просторно дезориентирана личност. Се гледа дека има ментални нарушувања. Таткотоо собира старо железо, а дома имаат 4 деца.

Едното дете им почина. Малата Ива Мирковиќ не го дочека детството какво што секое дете заслужува да има. За тоа може да се прочита во следната сторија на Сандра Томовска: http://off.net.mk/bavchi/sandra/koj-ja-ubi-iva

Децата живеат во собичка од десетина квадрати, без струја и вода, во невидена сиромаштија и нечистотија, во напуштената зграда на поранешниот Основен Суд – Куманово.

Родителите на Ива во момент на смртта, немаа ништо. Ниту документи, ниту изводи, ниту лични карти и живеалишта.

На ова семејство му треба пред се институционално здрижување, но додека да се дојде до тоа, пред се им треба ХРАНА.

Облека, средства за хигиена пристоен скромен дом,. средства за хигиена, средства за домкинство, и секако ПОМОШ од институциите.

Ако сакате да донирате за семејството, пишете на

tomovska.sandra@gmail.com

ДА ПОДАДЕМЕ РАКА!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: