Завршен апел за помош на Кристијан Стоилков

6

Превземено од Аберџија

При еден несреќен судир со Иван Митров, на пријателскиот меч Хоризонт Турново – Брегалница и страшниот удар во главата оставија тешки последици за Кико, кој заврши на оперативна маса, во борба за гол живот. Само брзата интервенција на лекарите му го спасија животот, но не му ја вратија подвижноста. Кико по операцијата не може да ја движи левата рака и нога и му се заканува предвремен крај на голманската кариера.

Сега е потребна и неопходна рехабилитација во специјализиран центар во Словенија, а пари нема. Семејството на Кико е во неможност да ги покрие трошоците, клубот Хоризонт се обидува да помогне, но има финансиска криза во моментов, а животот и кариерата на Кико е во рацете на хуманите граѓани.

„Подршката многу ми значи, иако ја имам само од моите најблиски и клубот. Минав низ пеколен период. Сега сум подобро благодарение на комплетниот лекарски тим тука, во болницата во Охрид. Тие го спасија мојот живот и на нив сум им вечно благодарен. Но, мојата битка не е завршена. Допрва следува најтешкиот дел. Но, сакам пак да бранам, сакам да сум во фудбалот затоа што тоа е мојата најголема љубов. Знам и свесен сум дека ќе биде тешко да се вратам, но ќе се борам!“, најавува Стоилков.

Стоилков Кристијан
Централна Кооперативна Банка
320 5000 252 697 42″

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: