Завршен апел за помош на Кети Тоулоуми Величковска

0

Почитувани,

Се обраќаме до Вас, со молба да и помогнеме во процесот на лекување на Кети Тоулоуми Величковска во странство. Имено, таа е со дијагноза на зголемен тумор на мозок, кој според стручното мислење на неврохирурзите треба итно да се оперира, во спротивно ризикот би бил фатален, имајќи го во предвид растот на туморот и веќе пројавените невролошки нарушувања (поради притискањето на виталните центри во мозокот).

Во последните пет години се направени четири интервенции во странство исклучиво на трошок на пациентот, но семејството повеќе не е во можност финансиски да ја поткрепи и оваа петта по ред оперативна интервенција.

Од таа причина се обраќаме до сите хумани луѓе да излезете во пресред. Веруваме дека со Вашата хумана цел, ќе ја земете во предвид и оваа молба.

Заради сериозноста и итноста на ситуацијата, Ве молиме во рамките на Вашите можности да донирате средства на жиро сметка: 320500020903384 од Централна кооперативна банка А.Д. – Скопје

или од странство на:

 

Keti Touloimi

IBAN Code: MK07210501645721158

NLB Tutunska banka A.D. Skopje

Vodnjanska No. 1

Macedonia

SWIFT: TUTNMK22

Благодарение на T-Mobile, VIP иONE отворени се следниве телефонски броеви за донации:

 

070/143-106 (одмрежа на T-Mobile)

077/143-314 (од мрежа на VIP)

075/143-650 (од мрежа на ONE)

Со едно јавување од соодветната мрежа се донираат по 100 денари за операција на Кети, кои веруваме за секој поединец не се многу, но за Кети ќе значат живот.

Однапред Ви благодариме за разбирањето и укажаната помош!


 

Со почит до сите вас,

од име на семејство Величковски

Контакт телефон: 076/445050

Сите луѓе не можат да бидат богати и значајни, но секој може да биде добар и хуман !

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од suzana, на Одговори

    narode,rizikuvajte edno kafe i pomognete da se spasi eden zivot,taka ke se cuvstvuvate poispolneti i posrekni:)

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: