Завршен апел за помош на Ивана Савеска

23

Да и помогнеме на Ивана Савеска!

Ивана има 28 години и проблеми со видот. 
Таа може да го поврати својот вид само со вградување на био чип, кој би овозможил да живее нормален живот како сите ние. 
Но самиот чип и неговото вградување треба да се направат во клиника во Русија, и се вкупно, операцијата и чипот, чинат над 7000 евра.

Да и помогнеме на Ивана да ја изживее својата младост со полно срце, и здрав вид. Наша должност е!

Телефонски број за донации од Т-Мобиле: 070143122

Телефонски број за донации од ВИП : 077143-133

Со секое јавување донираме 100 денари +18 денари ддв.

или на жиро сметка 

UNI BANKA

 240337007788341 на име на Ивана Савеска
Апдејт (17.03.2015)
“Драги пријатели, познаници и хумани луѓе со благородно срце, искрено Ви благодариме за Вашата несебична помош и поддршка која ни ја пруживте во нашата намера Ивана да отпатува во Русија, каде во текот на двонеделниот престој, по направените испитувања од врвни лекари беше извршена потребната операција и постоперативни третмани.
Вашата помош и поддршка сеуште ни е потребна, бидејќи по три месеци ќе биде извршена уште една операција и потребни третмани во истата клиника.
Телефонските броеви за донации и трансакциската сметка беа, се и ќе бидат активни и во наредниот период и тоа:
Т-Мобиле: 070143122 ВИП : 077143-133
Ж.С 240337007788341 на име на Ивана Савеска.
Секоја Ваша донација ќе биде драгоцена.
Голема благодарност од Ивана и семејството”
***апелот е затворен по успешната операција
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

6 коментари

  1. Објавено од Dejan Daniloski Edinaesti Prof, на Одговори

    Моја препорака до организаторите да се овозможи број за донација од други мобилни оператори како.. VIP и ONE со цел да побрзо да се постигне целта за собирање сретства !!!

  2. Објавено од Laze, на Одговори

    Dali ima moznost za onie koi ziveat vo stranstvo nekako da doniraat

  3. Објавено од snezana, на Одговори

    Pusten e i brojot na VIP OPERATOR 077143-133
    Golema blagodarnost do site

  4. Објавено од snezana, на Одговори

    ЖИРО СМЕТКА UNI BANKA 240337007788341 на име на Ивана Савеска Голема благодарност до сите

  5. Објавено од Валентина, на Одговори

    Снежана, доколку сте блиска со девојката дали може да ми оставите некаков контакт да ве контактирам. Јас сум со сличен проблем, па би сакала да добијам контакт од клиниката во Русија. Ви благодарам однапред.

  6. Објавено од snezana, на Одговори

    ili preku Western union

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: