Завршен апел за помош на Иван Лековски

11

*Сите хумани луѓе заедно за Иван Лекоски да седне во училишната клупа веќе од наредната учебна година заедно со своите врсници*
Шестгодишниот Иван Лековски од Струга боледува од Рефрактерна Епилепсија, која е дијагностицирана после примање на редовна вакцина DTP на 5 месечна возраст. Одтогаш па наваму, Иван го минува детството во еден затворен свет, бидејќи секојдневно добива напади, не зборува, и не може да оди сам.
Загрижени за неговото здравје, неговите родители, не можејќи да најдат спас во Р. Македонија, се обратиле до повеќе клиники во Европа. Од клиниката во Љубљана добиле повратно писмо во кое ги повикуваат да појдат кај нив бидејќи знаат како може да му помогнат на Иван.
За да се оствари тоа потребни се околу 10.000 (десет илјади) евра во парични средства, кои  родителите не се во можност да ги обезбедат. Затоа се обраќаме до сите Вас хумани луѓе, во рамките на своите можности да им помогнете финансиски да му дадеме шанса на малиот Иван да се избори со болеста и еден ден и тој да седне во училишните клупи кои оваа година ги прескокна.

 

Број на сметка: 300007069067387 Комерцијална банка АД Скопје

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од KAterina, на Одговори

    otvorete i devizna smetka

  2. Објавено од Elena, на Одговори

    telefonski broj?

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: