Завршен апел за помош на Игорче Петковски

11


АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ, со почит Игорче Петковски 

Иако јас со моите навршени 35 години, сопруг и татко на две малолетни дечиња Ива и Томи, мислам дека сум ја остварил својата цел во животот. Но не мислат и тие така, јас искрено многу често сакам да кажам „неможам повеќе“, „ до тука било“, „колку дал Бог доста е“, мојата фамилија сепак ми дава сила и причина повеќе да продолжам да се борам. Јас веќе 4 години се борам со многу ретка врста на Леукемија, поточно Hairy Cell, хронична болест која ги напаѓа белите крвни зрнца. Оваа болест се третира со хемотерапија (Cladribine, Retuximab), која за прв пат ја примив пролетта 2009 година. Оваа терапија треба да го стави пациентот во Ремисија, што и се случи со мене. Три години немав скоро никакви проблеми, но пролетта 2011 година по некој мали индикации направивме биопсија која даде резулат дека болеста е повторно вратена. Хемотерапијата повторно, но овој пат не успешно. Мојот Хематолог тогаш ги дигаше рамениците и кажуваше дека за мене спас во оваа држава нема. Тој сакајќи да ми помогне ме посочи во некоја врвна Испитна Установа која врши испитувања и поседува таква апаратура. За жал во нашава држава НЕ СЕ ПЛАЌАЛО за пациенти за кои во нашава болница нема ни приближно начин како да се испита, а МОРА да се упати во странство. За мене многу оскуден и ограничен закон, но сепак закон. Јас успеав да најдам таква Институција во Њу Јорк и Доктор кој што е специјализиран за мојата болест, тој прифати да ги направи сите потребни испитувања. Трошоците за почетното испитување се околу 15.000 евра, со што би се утврдила точната варијанта на болеста како и понатамошниот третман. Цената на третманот сеуште неможе да се утврди, затоа што сеуште не се знае точната дијагноза.
Со таа цел Ве замолувам да ми помогнете да можам да заминам на лекување. Секој ден за мене е губење и опасност болеста фатално да напредува. Вашата помош е безценета безоглед на висината. Доколку сте во можност да ми помогнете Ве молам да донирате на Трансакциската Сметка:

Денарска Сметка Бр. 280 107100758282 Со цел на дознака: ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ИГОРЧЕ ПЕТКОВСКИ 

Девизна Сметка за донации од Станство Бр: 280 107101007019110 SWIFT CODE: KRSKMK2X

БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ: VIP 077 143 779

T-mobile 143117

ONE – 075 143 401.


Извор: Група за Игорче Петковски 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: