Завршен апел за помош на Ѓорѓи Игнатовски

1

Писмо од неговата ќерќа,

Моето име е Игнатовска Милена, ќерка на еден прекрасен човек,на еден прекрасен татко, кој во моментов е во тешка здравствена состојба и итно му е потребна помош.
Ние, јас и мојата фамилија, до сега ниту еднаш не побаравме помош од никој, меѓутоа, немаме повеќе сили и средства за да ја продолжиме борбата сами. Имаме само надеждека постојат хумани луѓе кои сакаат и кои можат со своја донација да помогнат да спасиме еден живот.
Единствената терапија што може да го спречи растот на оваа метастаза и да ја намали истата е FOLFOX + AVASTIN. Оваа терапија во дозата која е потребна за лекувањето на татко ми е околу 30 000 евра.
Помогнете да спасиме еден прекрасен човек, еден сопруг, еден татко!
Во прилог ви ја испраќам жиро сметката на која можете да донирате, како и на бројот за донациска помош од мрежата на ВИП

Донациски број: 077 143 776 – за корисниците на ВИП

070143144- за корисниците на Т-Мобиле
Жиро сметка: 300027000992592
Партија: 00992540
Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: За Игнатовски Ѓорѓи

Борбата на татко ми-Игнатовски Ѓорѓи, почна уште во 2003 та година, кога прв пат му беше дијагностицирано рак на дебелото црево. На 01.12.2003 му е извршена првата операција.
По само 2 години, во 2005 та повторно се дијагностицирани промени на дебелото црево, по што следуваше и втората операција.
Во 2008 година, за жал, повторно има нова дијагноза, овој пат, метастаза на црн дроб голема скоро 10 см. Пост оперативно, повторно се ординираше онаа хемотерапија, која и предходно не даде резултат.
Повторно во 2011 се дијагностицира метастатска промена на црниот дроб, со локализација на вена Кава.Oваа операција во Белград на ВМА моравме да си ја платиме повторно сами. Операцијата заврши успешно и предлогот за понатамошното лекување од страна на докторите во Белград,беше комбинација на FOLFOX+AVASTIN. Овие лекови кај нас не се на позитивна листа. Ние немавме сили финансиски да ги набавиме, па продолживме кај нас на онколкогија со XELODA.
Само по 11 месеци од оваа операција, со јаки дози на нашата хемотерапија, на татко ми му дијагностицираа 3 нови метастази од кои две на црниот дроб и едната е повторно на вена. Последната, петта по ред операција е извршена на 14.05.2012 повторно со наши средства, повторно во Белград. При оваа операција, двете метастази во паренхимот на црниот дроб се отстранети, меѓутоа онаа на вената не е отстранета во целост.

Ви благодарам од мое име и од име на моето семејство!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

12 коментари

  1. Објавено од Adnan, на Одговори

    Navistina prekrasen covek e Gorgi Ignatoski. Moze sekoj da prodonese so malku pomosh da se spasi eden zivot. Moeto prashanje e dali pokraj korisnicite od Vip i od drugite mob.operatori moze dase bira na istiot broj 143 776. I so edno biranje po kolku pari moze dase donira. Se nadevam deka ke ima mnogu humani luge koi ke pomognat dase spasi eden prekrasen covek. Zivotot ne se zamenuva so nisto drugo. Zivotot e eden i edinstven. Zivotot ne treba da bide zaloznik na parite. Na sekoj moze da mu zatreba vakva pomosh. Ne cekajte, bidete humani. Bidete del od onie koi spasile covecki zivot. Gospod neka ne cuva site.

  2. Објавено од Лимко, на Одговори

    Се придружувам кон категоријата на луѓе кој финансиски ќе придонесат за здравјето и живото на нашиот сограѓанин, драг пријател и хуман граѓанин д-р Ѓорѓи Игнатоски.
    д-р Ѓорѓи Игнатоски заслужува многу, има придонес за народот и општеството и вреди таков прекрасен човек да се поддржи на секој можен начин. го поздравувам и му посакувам добро здравје.

  3. Објавено од НАТАША-ЈОРДАН, на Одговори

    Да му помогнеме на нашиот Д-р.Ѓорѓи Игнатовски.Овој човек ја заслужува подршката од сите нас,затоа што досега беше вистински борец со болеста.Секогаш ведар и насмеан расположен за разговор,посветен на работата,на своето прекрасно семејство,кое неизмерно го подржуваше во сите борби со болеста.Да бидеме хумани да му помогнеме,и да ја добие нашата максимална подршка.За животот е вредно да се бориме.Чичко Ѓоре заслужува да му се радува,затоа што има за што да живее…..семејството исполнето со многу љубов и разбирање.Да бидеме дел од нивната среќа,и да им помогнеме да го поминат ова животно премрежје.Нашето малку од сите можеби ќе биде доволно за нив да продолжат со лекувањето.СИТЕ ЗАЕДНО ДА ПОМОГНЕМЕ.

  4. Објавено од miki, на Одговори

    070/143-144 ova e brojot na t-mobile

  5. Објавено од ИГНАТОВСКА МИЛЕНА, на Одговори

    Почитувани,сакам да ви се заблагодарам од мое име и од име на моето семејство! Бројот на T-Mobile e 070/143-144. Го замолувам администраторот доколку е во можност да го вметне во горенаведениот апел! Ви благодарам!

  6. Објавено од nade, на Одговори

    Милена, средено! Со вас сме секој миг!

  7. Објавено од МАРЈАН АЛАМПИОСКИ, на Одговори

    Aјде сите да помогниме на нашиот ПРИЈАТЕЛ,ДРУГАР,СОГРАЃАНИН.Знам дека ке успееме.

  8. Објавено од Dr.ANDRESKI, на Одговори

    Drag prijatele naj iskreno se priklucuvam na site dobri lugje koi ti pomagaat vo ovie za tebe teski momenti.No veruvam deka i ovaa borba ke ja dobies i ke ispadnis pobednik i vo tvoj interes i vo interes na tvoeto semejstvo.Pozdrav od Krusevo

  9. Објавено од Sneki, на Одговори

    Stvarno e mnogu tesko da si bolen i bespomosen.Uste potesko e da se resis da pobaras finansiska pomos od nepoznati.No NECOVECNOPSTA i dosetlivosta na nekoi luge da dojdat do finansiski sredstva na lesen nacin,so laga ,ve tera da razmisluvate(aka gledajki nekoj apel xza licnost sto ne ja poznavate) dali se raboti za vistina ili prevara.Ziveeme vo svet na necovecnost,prevari i ako se moze nekoj da se izlaze…..
    IZVINETE,ne se odnesuva nakonkretniot slucaj.
    No mi se slucilo vo ist den,od ista licnost ,na razlicni mesta,a jas totalno so ista garderoba toj den…,so nekoj list so fotografija,dijagnozi i ziro smetka ….da mi se pobaraat finansiski sredstva za lekuvanje……
    Do togas donirav kolku mozev,vo dadena prilika…od togas so nedoverba…nitu 50 deni ne sum dala.
    IZVINETE

  10. Објавено од ALTERNATIVNA MEDICINA, на Одговори

    pocituvani dodeka se borite so bolesta jas vi preporacuvam terapija koja cini samo 5000 evra po priroden pat! PRVO LEKUVANJE POTOA PLAKANJE AKO E IZLEKUVAN. ne e stetna naprotiv.

  11. Објавено од Ana Maria Risteska, на Одговори

    Dali seuste mozi da donirame pari preku mobilnite operatori?

  12. Објавено од Marija, на Одговори

    Samo 5000 evra 🙂 bravo be, ajde doniraj i ne lazi narod so alternativna medicina

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: