Завршен апел за помош на Гарп Мемиш

4

Драги пријатели, ајде сите да одвоиме од нашите мали задоволства и да помогнеме на едно момче. Ние заедно можеме многу!

Гарп Мемиш е роден на 21.06.1991 во Пробиштип, тој е дете  без родители и моментално без покрив на глава.

Дијагностицирана му е акутна леукемија за која е потребно да прима редовни лекарства. Веќе три недели не ја пие својата терапија, која му е повеќе од неопходна, станува збор за три месечна терапија која чини 380 евра, оваа терапија ја има според Фондот за здравтво на РМ само во Германија. Лековите кои треба да ги пие се викаат ПУРИНЕТОЛ од 50 мл.

Во обраќањето до институциите на системот, овозможено му е да аплицира за социјален стан кој го доделува државата, односно  рокот за аплицирање е до 17 октомври, а притоа треба да се поднесе барање до Комисијата за стамбени прашања.

За да го комплетира барањето потребно е да обезбеди документи во износ од 2700 денари. Бидејќи на Гарп му е блокирана трансакционата сметка поради судски спор, нема како да му се префрлат парични средства. Моментално Гарп преспива на клупа пред клиниките на интерна медицина, клиниката  за токсикологија.
   Граѓаните кои сакаат да донираат средства може да го најдат во државна болница секој ден од 18 часот па до раните утрински часови, пред клиниката за токсикологија. Освен тоа, достапен е и на позајмениот телефонски број 071221048 и на неговата е-маил адреса garup_boy@hotmail.com
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: