Завршен апел за помош на Филип Петровски

2

Да подариме насмевка, да подариме живот !

Малиот Филип Петровски боледува од тумор на мозокот, и мора итно да се оперира во болницата Систина. Неговото семејство не е во состојба да ја плати операцијата….Ние сме тие кои можеме да помогнеме, ајде да го сториме тоа!

Донации на следниот број

од мрежата на Т Мобиле: 070/ 143 133

 

од ВИП : 077-143-773

 

Денарска жиро сметка за донации

 

200001687143884 na Stopanska banka на име Томче Петровски

Девизна сметка SWIFT KOD: STOBMK 2X
IBAN : MK07200002458611074
STOPANSKA BANKA AD SKOPJE

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Angel, на Одговори

    Молитва за духовно будење во Македонија и за благослов и водство од Седржителот за да не отстапиме од тоа што Тој го промислил за нас!

    Господи, Оче наш Небесен, Седржителу, Те молиме во името на Твојот Единороден Син – Исус Христос – во Светиот Дух и во Светата Црква, Те молиме – погледни на Црквата Твоја во Македонија, погледни на народот Македонски и на сите народи кои живеат со нас во Македонија. Те молиме благослови не, од духовната успаност – разбуди не! Од патиштата кои водат кон отстапување од Тебе и Твојата спасителна промисла за сите нас – одврати не! Од желбата свеснонесвесно Вистината Твоја да ја искривуваме – благодатно искарај не и сила отрезнувачка дарувај ни!Од лажни учители и водачи итри – кои наместо кон Тебе и кон твоето Царство да не приведуваат – тие кон себе и своите острастени желби не заведуваат и од такви – заштити не! Подигни свои слуги, кои ќе бидат вистински слуги на Црквата Твоја – за Патот на спасението да се сведочи, гревот осудува и разобличува, а вистината, правдата и љубовта да се вкоренува.Цару на Се што Постои, Создателе наш, Твојата промисла за нас, Твојот план со нас – за доброто на сите и на се – благослови да БИДЕ! Единствено на Тебе се надеваме – зашто синовите човечки, силниците овосветски, самобендисаните моќници – само за себе и за својот самозалажлив интерес работат.Ти, кој од не битие во битие не приведе, сега благослови, нашето битие во добробитие да го втемелиме и со Твојата светост да го исполниме – за Твојата вечност да може да ја наследиме!Благослови и помилувај! Погледни и води не Оче наш небесен во името на нашиот Спасител и единствен Учител Исус Христос во силата на Духот Свет. Амин!

  2. Објавено од Aneta, на Одговори

    Amin!Amin!Amin! ..Neka bide taka neka bideme blagosloveni od nasiot ucitel isus Hristos site nie i site sto sme duhovno zaspani da se razbudime i nasite srca da bidat postojano so ljubovta negova!!!Pomolitvite na Tvojata Majka Bogorodica Gospodi Isuse Hriste Pomiluj ne!!!

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: