Завршен апел за помош на малата Ели

59

Обновено на: 02.05.2016

Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба. Како резултат на нејзината состојба, Ели седум години од детството ги минува живеејќи во болница одделена од своето семејство во придружба само на книгите кои ги обожава.

Се појави надеж во САД каде докторите гарантираат дека можат да и помогнат на малата Ели да почне нормално да живее како своите врсници. Првата тешка операцијата која беше на товар на фондот за здравствено осигурување заврши и Ели е на постоперативно лекување во САД благодарение на донациите од хуманите граѓани за кои семејството е бескрајно благодарно.

Но Ели во јуни ја очекува уште една операција, по која исто така ќе следи долг период на стабилизација и опоравување од најмалку три недели во болница каде еден болнички ден чини многу, а потоа ќе биде потребен уште најмалку еден месец опоравување и контроли во САД.

Затоа семејството замолува да продолжиме со нашата помош.

После многу операции и 7 години во болница Ели ќе има можност да зачекори со своите другарчиња доколку ние ја покажеме хуманоста!

Да донираме на:

За корисници на Телеком 
070/143-111

Сметка за Ели:
-Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска
-Девизна
Dodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKA

Да помогнеме сите ние Ели да го продолжи своето детство безгрижно, како што заслужува секое дете.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: