Завршен апел за помош на Елена Младеновска

14

Драги пријатели

Да и помогнеме на младата 28 години Елена Младеновска да ја извојува докрај својата битка.

Елена има тешка повреда на скоцен зглоб настаната во 2009 год., досега 2 пати неуспешно е оперирана на Клиника за Трауматологија во Скопје. Во март 2014 год успесно е оперирана во Бугарија и операцијата беше на товар на Фонд за Здравство на Р. Македонија .

Неопходно е повторно да се оперира , потоцно неопходна е повторна дополнителна операција , која е дел од операцијата изврсена пред 3 месеци , поради комплицираност на повредата , тежината и реткиот вид на повреда . Операцијата е по препорака на Доктор од Бугарија.

Операцијата не се прави во ниедна Клиника на Р.Македонија , а не е покриена од Фондот за Здравство во Р.М. Потребна е операција во јуни во Р.Бугарија која цини околу 600 евра , како и доплнители испитувања, патни трошкови , трошоци за сместување,контроли , следење на здравствената состојба , лекови , постоперативен третман кој сама треба да ги плати.

Да помогнеме Елена во јуни да замине на операција во Бугарија

Сите можеме да помогнеме

број на трансакциска сметка 200001917694260 стопанска банка

на име Елена Младеновска

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: