Завршен апел за помош на Давид Стојановски

7

Битката за враќање во нормален живот за младиот кратовец Давид Стојановски (13) продолжува. Момчето кое боледува од остеобластична саркома (малигна неоплазма во коленото), по кратко подобрување на состојбата, повторно има влошена здравствена состојба. Неговиот родител Игор добил предлог од лекарскиот тим на скопските клиники да му биде ампутирана едната нога и со тоа да се реши проблемот со малигнитетот. Во меѓувреме таткото бил во посета на реномирана австриска клиника, каде му гарантирале дека проблемот ќе го решат без ампутација на ногата на Давид. Проблемот е што семејството на Давид ги нема потребните 50.000 евра, колку што бараат Австријците за операција на Давид. Во меѓувреме, Игор поднел документи за покривање на трошоците за лекување од страна на Фондот за здравство, но постапката е во тек и сеуште не се знае дали средствата ќе бидат одобрени.

Без разлика на исходот, ги повикуваме сите граѓани и институции еден мал дел од својот буџет наменет за новогодишните празници да го донираат на трансакциската сметка на Давид Стојановски. Тоа е најмалку што можеме да направиме за да ја вратиме насмевката на Давид, детето кое сонува да биде фудбалер, а судбината му се заканува да му ја одземе токму ногата со која шутира.

Сметки за донации:

320500021549404
Централна Коперативна Банка АД
на име Билјана Китановска

320500026110053
Централна Коперативна Банка АД
Игор Китановски

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на One – 075-143-480
Корисници на Vip – 077-143-480
Корисници на Телеком – 070-143-173

Online донации на
https://www.gofundme.com/apel-za-pomos-za-david-stojanovski

Преземено од Аберџија 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: