Завршен апел за помош на Даниела Бошковиќ

10

Хуманост само на дело !

Никој од надлежните институции, невладини организации, ниту пак граѓаните се јавиле да помогнат на Даниела Бошковиќ, младата кумановка, која се бори со тешки болести, а остана без социјална помош.

 

Откако медиумите ја објавија сторијата за безизлезната состојба во која се наоѓа семeјството, никој не пројавил интерес да помогне.

Се јавија само две жени од Скопје и побараа жиро сметка да ни уплатат пари. Други нема, ни обични луѓе ни пак некој од Општината или надлежните институции. На Даниела состојбата и е со потешка, не јаде и има големи болки. Уште пред две недели требаше да ја оперира вилицата по вторпат, откако првата операција не успеа. Докторката рече дека мора веднаш да се оперира затоа што и се распаѓа коската, но немам пари да ја носам во болница.Незнам што ќе права и каде чаре да барам- вели Јаворка,  мајката на Даниела.

Даниела боледува од анорексија и карцином, а останала без социјална помош затоа што лекарска комисија при Министерството за труд и социјална политика утврдила дека е работоспособна.

Таа е самохрана мајка на две деца и лесно може да остане на улица, бидејќи нема да плати кирија за двете собички во кои живее на улицата „Никола Тесла„.

Апелира до надлежните институции и хуманите луѓе да и помогнат да го оствари правото на социјална помош и да се лекува.

Семејството може да се контактира на тел. број 077 636 733
ПРЕВЗЕМЕНО ОД: kumanovonews

Донации на:
Централна кооперативна банка АД Скопје
жсм: 320500009057065
Бошковиќ Даниела

Група на ФБ: ДОБРИ ЛУЃЕ, да и’ помогнеме на ДАНИЕЛА БОШКОВИЌ!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: